ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Попладне големо невреме во Скопје!

Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи за денеска попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи. Кон крајот на денот, а особено во ноќните часови ќе има поинтензивна нестабилност, проследена со пообилни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со силни електрични празнења и појава на град.

dozd-1-360

Во текот на утрешниот ден ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70 килоометри на час.

Во наредните два дена времето ќе биде стабилно, а ново дестабилизирање се очекува од четврток.

Коментари

Популарно