Тргнале на матура - испаднале од автомобилот

Уште еден во низата инциденти поврзани со славењето на матурата во регионот. Двајца матуранти од Медицинско училиште во Чачак, Србија, се повредени синоќа откако паднале од багажникот на автомобил во движење.

tocka-90716

До несреќата дошло кога момчињата прво седеле на прозорците на автомобилот, а потоа се префрлиле на багажникот. Тие му тропале на возачот да побрза, по што и двајцата паднале на асфалтот.

Едниот од нив е префрлен во болницата во Крагуевац со тешка повреда на главата, додека вториот со полесни повреди е задржан во Чачак.

Здравствената состојба им е стабилна.

Коментари

Популарно