Анџелина Џоли и Бред Пит се договориле за старателството на децата

Разводот на холивудскиот пар Анџелина Џоли и Бред Пит будно се следи од медиумите и јавноста. По веста дека се раздвојуваат и дека Пит е под истрага за физичко и психичко малтретирање на децата, медиумите пренесуваат дека иако Џоли сака целосно старателство на децата, Бит се борел за заедничко.

img-302640

Најновите информации за најголемото разделување во Холивуд доаѓаат од Variety.

Според истите, Пит и Џоли конечно постигнале договор за старателството на нивните шест деца. Старателството целосно ќе биде на нивната мајка, Анџелина Џоли, а Пит ќе продолжи да има посети на децата, придружувани од психолог.

Анџелина Џоли во септември поднесе барање за развод, наведувајќи ја причината „непремостливи разлики“. Во барањето, Џоли (41) побарала целосно старателство над нивните шест деца, со можност за посети од страна на Пит (51). Познатиот пар наречен од медиумите Бранџелина, се заедно од 2004-тата година, а се венчаа во август 2014-та.

Коментари

Популарно