Меланија Трамп е втората жена во историјата што ќе биде прва дама, а да не е родена во САД. Нејзината биографија почнува од родната Словенија, бивша СФРЈ. Родена е во 1970 година во малото место Севница кај Кршко.Таа е половина Словенка, а половина Австријка. Нејзината мајка, која е Словенка, работела како шивачка, а татко ѝ продавал автоделови.
Уште како тинејџерка почнала да се занимава со манекенство и почетокот на деведесеттите заминува во САД каде што работи како модел. Од тој период датираат и фотографии на кои таа позира разголена за списанието „GQ“
Нејзиниот живот нагло се менува кога во 1998 година на една забава се запознава во Доналд Трамп, кој бил штотуку разведен од втората сопруга. Меланија најпрво не сакала да му го даде својот телефон, но затоа тој веднаш ѝ ги дал сите телефони и мејлови.
Љубовта меѓу нив брзо пламнала и во 2005 година стапиле во брак.