ВИДЕО: Адам Лабунски повторно во „Ѕвездите на Пинк" - жирито се држеше за глава

Македонецот Адам Лабунски, се натпреварува вторпат во познатото српско шоу Пинкови Ѕвезди, и и овој пат како и во минатата сезона доби овации од жирито.

- Адаме, душо, те слушам и си го поставувам прашањето, како досега не успеа? По мое мислење,ти имаш талент, дрскост и безобразност и совршен изглед. Според мене ти досега требаше да бидеш попопуларен од мене, рече Зорица Брунцлиќ.

Шабан Шаулиќ истакна дека Адам знае да пее и дека е одличен пакет за естрадата.

- Фантастичен настап, одличен избор на песната. Имаш препознатлив глас, како да си снимал плоча. Ти пееш на свој начин и тоа многу ми се допаѓа. Весел си и имаш позитивна енергија, искоментира Дара Бубамара.

Коментари

Популарно