Скандалозната вистина за Карлеуша: Што се крие зад гламурот?

Контроверзната српска пејачка, Јелена Карлеуша, сака да остави впечаток на најголема балканска ѕвезда, Таа и ден денес се фали со концертот на белградското Ушќе кој беше одржан пред 4 години, но луѓето кои тогаш соработувале со неа се уште се обидуваат да ги добијат своите пари.

Јелена која себе си се нарекува Дива се фали со гламур, богата продукција, раскош и слично, а една од танчарките која со неа била на сцената таа 2013 година решила да открие нешто повеќе за пејачката.

Имено, Јована Јоцка Ѓуриќ на својот Фејсбук профил ја открила вистината која се крие зад целиот тој гламур на Јелена Карлеуша.

-Јас не можам да се спуштам на тоа ниво, да го чувствувам тој вид на страдање кога некој копира нешто што ти си го правел пред години, месеци, викенди. Јас се фотографирав во такви чорапи, гаќички, фризури пред таа некоја си . Ќе разберев доколку заработуваше милиони од сето тоа. Добиев една таква споредба и решив конечно да објавам фотографија на која се гледа моето фото со мојата омилена фризура која ја нарекувам „Добра вила“ (моите пријателки од Ибица така ме викаа кога ја носев оваа фризура) која јас ја споделив пред 3 дена а дивата Карлеуша ја сподели вчера(си се смеам сам на себе).

Но тоа не е толку важно, доволно се понижив, ова само го искористив да и порачам на милата една и единствена Јелена КАРЛЕУША Дива на чиј концерт пред четири години танцував се уште не ми е исплатен хонорарот на мене Јована Јоцка Ѓуриќ (+остатокот од танчарите), овој пат јавно и порачувам на Јелена, која ниту ми ја плати никогаш ќе миј плати мојата заработка (затоа што жената нема пари, тоа е ок). Ти простувам Јелена што ме блокираше на Твитер што не ме исплати (2 месеци уживање и дружење со напорни тренинзи за твојот концерт, а зошто па и ти би ни платила) , а тоа што ја копираше мојата омилена фризура значи дека сепак сум ти мила. Еве ти простувам – напишала танчерката во својот статус.

По неколку дена, Јована напишала уште еден статус посветен на Јелена.

-Се сеќавате на мојот пост пред неколку дена упатен на Дивата Јелена Карлеуша? Стигнал и до неа па таа утредента ја избришала фотографијата. Како спиеш тие овие три години? Дали ти е некогаш срам дека си имаш комплекс од Цеца левел 100, затоа што таа си ги исплати танчарите (однапред) а ти не? Се влечкаш по подот колку ниско падна во нашите очи, а некогаш ти се воодушевуваме…“.

Коментари

Популарно