Сончево и топло време со температури дури до...

Денеска е среда, 22 март 2017 година, 81-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 284 дена.

Сонцето во Скопје изгреа во 5 часот и 36 минути, а ќе зајде во 17 часот и 46 минути.

Денов трае 12 часа и 10 минути.

Месечината, која е во фаза на последна четвртина, ќе изгрее во 1 часот и 56 минути, а ќе зајде во 11 часот и 56 минути.

Временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен во средината на денот долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 19 до 25 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 24 степени.

До крајот на работнава недела ќе се задржи топлото време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат, а негативни утрински температури не се очекуваат. За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе биде посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во западните и северните делови од земјата.

Коментари

Популарно