Девојката , наводно од Велика Британија, е снимена во 11 часот наутро како нарачува хамбургер за себе и своите две пријателки во ресторан на шпанскиот остров Мајорка.
Друштвото барало и освежителни пијалоци за да се отрезни од претходната вечер.
Сликата ја објави германскиот “Bild”, а потоа ја презедоа британските весници.
Локалните власти на Мајорка се загрижени дека туристите од ВБ можат да станат мета на таканаречените ” анти-туристички екстремисти” кои се закануваат дека ќе тргнат во војна против пијаните странски гости.
Последниот инцидент се случил пред неколку дена кога 4 британски момчиња и девојчиња ја запалиле собата во хотел со запалка и спреј и предизвикале штета од 200 000 евра. Тие биле приведени и пуштени на слобода откако им се одземени пасошите. Од нив е побарана гаранција дека ќе ја надоместат сторената штета.