Денеска е среда, 17 октомври 2018 година, 290-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат уште 75 дена.
Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 46 минути, а ќе зајде во 17 часот и 51 минута.
Денов трае 11 часа и 5 минути.
Месечината, која е во фаза на прва четвртина, ќе изгрее во 14 часот и 24 минути и нема да зајде ова деноноќие.
Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб источен ветер.
Утринската температура ќе се движи од два до 10, а дневната од 23 до 28 степени.
Во Скопје сончево со мала облачност и со слаб ветер од источен правец. Утринската темптература ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
До сабота ќе се задржи стабилно, суво и релативно топло време со дневни температури над просекот за овој период од годината. В недела од север ќе се спушти постуден воздух, ветерот повремено ќе се засилува и ќе предизвика пад на дневната температура. Ќе има и повремени локални врнежи од дожд.