Видео: Се сруши згграда во Виена

Според првичните проценки најмалку 10 лица се повредени попладнево при експлозија на гас во една  станбена зграда во австрискиот главен град Виена.

Според иноформациите од  локалната полиција, по експлозијата се урнал дел од зградата, па не е исклучно билансот на жртвите да биде поголем.

Болнички извори информираа дека неколкумина од повредните лица се наоѓаат во критична состојба.

По инцидентот полицијата ја блокираше улицата во која се наоѓа зградата, а на местото на настанот пристигнале неколку противпожарни и амбулантни возила.

Причините за експлозијата засега не се познати.

Коментари

Популарно