Измени во програмата на Пивофест 2019

Денеска организаторите на “Пивофест” објавија дека поради оправдани причини дошло до измена на програмата за фестивалот.

Како што пишува на официјалната Фејсбук фан страна, на местото од групата “Нови фосили”, кои требаше да настапат во недела 21.07., ќе пее Даниела Мартиновиќ.

“Имаме измена во програмата за недела (21.07.2019). Поради оправдани причини членовите на групата „Нови Фосили” не се во можност да настапат на нашиот фестивал на пивото.Во истиот термин и датум со задоволство ви ја најавуваме Данијела Мартиновиќ”, напишаа организаторите.

Коментари

Популарно