ВИДЕО: Боки 13 и татко му против соседот свештеник

Телевизија Алфа објави запрепастувачко видео од нападот на Бојан Јовановски во јавноста познат и како Боки 13 и неговиот татко Миле Јовановски врз поп на МПЦ.

Во видеото кое е најава за репортажи кои Алфа ги најавува за наредните денови се гледа како таткото Миле и Боки 13 вршат вербални и физички напади врз свештеник кој се обидува да влезе во својот дом.

Нападот е извршен додека во возилото на попот има две деца, а инцидентот го гледаат и сопругата и уште едно дете.

Алфа истpaжува зошто 30 месеци Миле Јовановски номинален сопственик на медиумот 1ТВ близок до власта и неговиот син Боки 13 се зaштитени и се уште не се кaзнети за овој случај. Случајот започнал во јануари 2017 и се уште не е затвopeн.

Коментари

Популарно