Панчев и Најдоски поднесоа оставка на сите функции во Вардар

Поранешниот голгетер на ФК Вардар со соопштение до јавноста во врска со  одлуката тој и Илија Најдоски  да поднесат оставка на сите функци во ФК Вардар. Информацијата до јавноста ви ја пренесуваме во целост.

Дарко Панчев:

„Во Вардар се случува нешто чудно. Јас и Најдоски пристигнавме во тој клуб со цел да го подигнеме нивото и веднаш успеавме во тоа откако го елиминиравме Фенербахче и игравме во групната фаза на Лигата на Европа. Тогаш очекувавме раководните луѓе ќе продолжат со инвестициите во клубот, тие пари кои ги заработија од УЕФА да ги потрошат за нови засилувања. Но, се случи спротивното. Наместо да доаѓаат нови фудбалери, најдобрите ни заминуваа и тоа резултираше со лоши резултати во наредните сезони. Затоа јас и Најдоски се решивме да се повлечиме од нашите функции. Зошто се случи овој пад на Вардар, не можам јас да ви одговорам. За тоа барајте некој од раководството на клубот“.

Коментари

Популарно