Македонската алпинистка Илина Арсова се соочува со нов предизвик. Таа е во состав на тричлена меѓународна експедиција која ќе се обиде да го искачи највисокиот врв на Антарктикот, Винсон.
„Драги пријатели, наскоро кон новиот подвиг. Врвот Винсон на Антарктикот е и седмиот од предизвикот 7 врвови. Се радувам што ќе имам можност да ја претставувам нашата земја на една волку специфична експедиција, на најизолираното и најстудено место на светот. Багажот е веќе натоварен и сега чекаме погоден момент за полетување“, напиша Илина на својот Фејсбук профил.
Инаку, Илина Арсова е единствена.Македонка која успеала да се искачи на највисокиот врв во светот, Монт Еверест. Таа меѓудругите ги има освоено и највисокиот врв во Јужна Америка, Аконкагва како и Килиманџаро во Африка.
