Видео: Познатиот рапер со новиот албум шокираше

Раперот кој во  текстовите од своите песни ги „уби“ својата поранешна сопруга и мајка,  со неговите најнови текстови, ја згрози светската јавност.

Маршал Медерс III попознат како Еминем, го освои светот со молскавична брзина со својот прв сингл, "My name is".

Тој со години важи за еден од најдобрите рапери, колегите го почитуваат, Бјесон и Ријана снимија дуети со него, а сега .

Пред неколку години, Еминем за малки ќе го изгубеше својот живот поради користење на  комбинација на лекови и алкохол. Отиде на рехабилитација, се врати „посилен од кога било“ и продолжи да работи со полна пареа.

Тој не се срамеше да ги критикува политичарите,  сними  песна за Трамп, да исфрли хитови што  се најдоа на музичките топ листи, но последните неколку песни не поминаа многу добро.

Најновите сигурно нема ...

Еминем ја објави песната „Unaccommating“ во која се споредува себеси со бомбашот-самоубиец, кој уби 22 луѓе во Манчестер додека излегуваа од концертот на Ариана Гранде. Трагедијата што го потресе светот служеше како инспирација за стиховите:

„Размислувам да викнам бомба, како да сум пред концертот на Ариана Гранде и чекам“.

Не требаше долго време за да почнат коментарите на социјалните мрежи нарекувајќи го „идиот“, но не заврши тука.

За песната на Еминем коментираа и членовите на семејствата на жртвите на концертот во Манчестер - „тоа е одвратно - ова е непочитување за сите нас. Доколку се обиде да зборува за чувствителни теми и да ја подигне  свеста  пред јавноста, тоа го сторил на погрешен начин“, рече мајката на девојче од Шарлот Хоџсон  која беше убиена во нападот.

Слушајте ја песната што го налути светот:

Тоа не е сè - Еминем ја сними и песната "Darkness"  во која ги опишува сите ужаси што се случуваат во Америка околу оружјето - убиства во Лас Вегас, пукање во училиштата и на крајот на видеото дознаваме дека тој планирал напад, но дека се убил себе.

Погледнете го видеото:

Коментари

Популарно