Карактеристики кои ги имаат тие кои се родени во месец април

Досегашните истражувања покажале дека некои карактеристики навистина зависат од месецот на раѓање, а еве што кажува тоа за оние кои се родени во април.

Тие се ноќни птици

Едно истражување открило дека луѓето родени во пролетните и летните месеци си легнуваат многу подоцна за разлика од оние родени во есен или зима.

Имаат позитивен поглед кон светот

Студентите од еден универзитет во Унгарија, во 2014-та спровеле истражување и откриле дека децата родени во март, април и мај се попозитивни и поголеми оптимисти. Се разбира, ова зависи и од местото на живеење, но најмногу важи за децата родени во држави кои имаат суви и сончеви лета, а студени зими.

Тие се лидери

Според истражувањето од Универзитетот во Британска Колумбија, децата родени во март и април напредуваат побрзо во кариерата, за разлика од оние родени во летните месеци. Научниците ги анализирале датумите на раѓање на 375 директори од 500 фабрики, во периодот од 1992-ра и 2009-та година, и дошле до заклучок дека најголемиот дел од нив се родени во март и април.

Имаат помал ризик од астма

Едно истражување од 2015-та година покажало дека луѓето кои го слават нивниот роденден во пролет, имаат помал ризик од астма. Најверојатно причината е тоа што тие се изложени на типичните алергени во првите два месеци од животот, а ова може значително да го зајакне нивниот имунитет.

Имаат помал ризик од хиперактивно нарушување

Едно истражување покажало дека хиперактивното нарушување почесто се дијагностицира кај луѓето родени подоцна во годината.

Порано се изложени на сончеви зраци

Ова можеби не е многу добра вест, но добро е да бидете информирани. Неколку истражувања покажале дека луѓето родени во пролет имаат поголем ризик од развој на меланом. Најверојатно причината е што се изложени на сончеви зраци во најраниот период од животот. Па, вооружете се со заштитна крема и користете ја за секое излегување на сонце.

Коментари

Популарно