Неколку поштари не го почитувале карантинот па заразиле 158 лица

Поштари не го почитувале карантинот и заразиле 158 лица, тврдат австриските медиуми.

Четворица вработени во центрите за дистрибуција на пошта во близина на Виена, Австрија не го почитувале карантинот и продолжиле да работат, иако биле заразени со корона вирус.

„Сега знаеме како коронавирусот влезе во центрите за дистрибуција на пошта“, изјавил неименуван извор во надлежната здравствена установа за виенскиот весник „Естерајх“.

Изворот посочи дека четири лица, кои биле позитивни на коронавирусот во Виена, ја игнорирале одлуката за карантин и продолжиле да работат во центарот во Хагенбрун како надворешна работна сила.

Тоа е можно затоа што виенските здравствени власти сè уште не го контролираат карантинот на самото место, туку само испраќаат СМС-порака до пациентите, кои можат да одговорат на тоа каде и да се.

Покраинската служба за криминалистички истраги во Виена започна истрага за случајот со инфекцијата што влегла во центрите на поштата.

Непридржувањето кон карантинот се третира како свесна закана за луѓето, а за тоа е предвидена казна до три години затвор.

Виенската полиција доби налог да провери дали неколку баратели на азил ја игнорирале одлуката за карантин.

извор: ulica.mk

Коментари

Популарно