Видео: Три деца загинна во директен судир на два авиони над езеро во Ајдахо

Два туристички авиони со осум патници и членови на екипаж се судрија над езеро во американската сојузна држава Ајдахо и потоа потонале на дното од езерото.

Според информациите, во несреќата најверојатно никој не ја преживеал.

Три тела се извлечени од езерото, а за останатите се уште се трага.

Првите информации говорат дека се работи за осум патници и членови на екипаж. Проценуваме дека нема преживеани – се наведува во изјавата на шерифот на округот Кутенај.

Остатоците од авионите потонале на длабочина од 40 метри, каде се лоцирани со помош на сонар.

Што довело до судир на авионите засега не е познато, а тоа ќе го утврди истрагата.

Медиумите пренесуваат дека меѓу патниците имало и три деца.

Коментари

Популарно