Рецепт за ручек кој лесно се прави.
СОСТОЈКИ:
![](/uploads/gjuvec-bakina-750x550.jpg)
500 гр пилешко
200 гр суви ребра
2 главици кромид
6-7 свежи пиперки
1 помала тиквица
1-2 моркови
2 домати
1 компир
малку мелена црвена пипер
сув зачин или сол
мелен бибер
ловоров лист
масло
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
На масло пропржете крупно сечкан кромид, додајте сечкани пиперки на коцки и пропржете.
Додајте тиквици на коцки и компир, заедно со коцки суви ребра, па додајте зачин или сол, мелена пиперка, бибер и динстајте.
Тргнете од шпорет. Додајте измиен ориз па измешајте. Тепсијата намастете ја со масло и наредете сечкани домати.
Пилешкото посолете го, намастете го и ставете го во тепсијата. Печете на 210 степени околу 1 часа.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бабина кујна“: