Водителката Александра Илиевска која публиката ја памти по кулинарското шоу „Брза Кујна“ неодамна стана мајка.
Радосните вести на социјалните мрежи ги обелодени Илиевска која неколку дена по породувањето им се заблагодари на сите на честитките и подароците за новиот член на семејството.
Водителката на Инстаграм објави фотографија на која е во авотомобил заедно со сопругот Александар, а ќеркичката до неа.
„Најмагичен ден во мојот живот е денот кога станав мајка“, напиша Илиевска.