Францускиот произведувач на автомобили Citroën го претстави својот потполно електричен автомобил под назив Ami.
Овој автомобил се издава за само 22 долари дневно, има само 2 седишта и е многу мал. За да го возите овој автомобил во Франција не ви е потребна возачка дозвола.
Поседува батерија од 5.5 kWh и со неа може да се поминат 70 км без полнење, а неговата максимална брзина е 45 км/час.
Овој мини-автомобил е совршен за градскo возење. Доколку сакате пак да го купите, неговата цена се движи помеѓу 5.000 и 6.000 евра, зависно од опремата.