Жешки огласи за вработување во најжешката недела во летото

Оваа недела секако ќе биде запаметена по највисоките температури во нашата држава. За да ја запаметите и по ново вработување, издвојуваме и најжешки огласи од изминатата недела на kariera.mk

Најпрво од IT индустријата издвојуваме слободни работни места во неколку компании.

БИЛИВИО е француско-македонска софтверска компанија која во Македонија постои од 2018 година, веќе докажана во областа развој на корпоративни софтверски решенија со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот. Oваа недела се во потрага по: 

Senior Full Stack Net Developer

Middle Ful Stack Net Developer

Junior Full Stack Net Developer

Quipu со седиште во Франкфурт, Германија e IT  компанија за развој на софтвер која обезбедува сеопфатни решенија за банките и финансиските институции. Оваа недела имаат отворено два активни огласи

Net Software Developer

Application Support Coordinator

Aeria Canada Studio Inc. е успешна компанија за развој на мобилни игри и издавач на бесплатни игри за игри (F2P) преку Интернет. Ова недела имат отворен повик за Game Economy designer Mobile F2P Games, и сите детали за апликација на овој оглас можете да ги погледнете ТУКА.

Аxapta Masters нуди 6 различни работни места со одлични услови и бенефити за секој вработен.

Generali Investments е основана во 2008 година под името КД Фондови. Нејзиниот основен бизнис е управувањето со средства, односно остварувањето на финансиски приноси во зависност од структурата на управуваните портфолија. Во февруари 2019 година, Друштвото КД Фондови се приклучи кон Групацијата Generali и во овие рамки ја продолжува својата долга традиција на обезбедување на професионални услуги за управување со средства со нов корпоративен идентитет. На Kariera.mk можете да ги погледнете отворените работни места за

Специјалист за управување со финансиски производи

Лице за усогласување со прописи и правни работи

Hi-Tech Corp. е водечки Европски производител на електронски печатени плочки специјализирани за брзо производство на прототипи и мали и средни волуменски серии на цврсти, флексибилни и крути-флексибилни повеќеслојни плочки. Со посветен тим од околу 200 инженери и техничари и повеќе од 30 години искуство, Hi-Tech е посветен на обезбедување на производи со највисок квалитет за потрошувачите во автомобилската, комуникациската мрежа, потрошувачката и индустриската електроника. Детали за нивниот активен оглас можете да погледнете ТУКА

ВИС Агенција за обезбедување на имот и лица има отворени работни места во повеќе градови низ државата. Потребни се луѓе за физичко и патролно обезбедување и сите детали за слободните места во Скопје, Охрид, Струмица и Штип може да ги прочитате ТУКА

Летото нуди безброј можности, направи го незаборавно и аплицирај за твоето ново работно место на Kariera.mk

Коментари

Популарно