(Фото + Видео) Беше учесничка во „Големиот брат“- и ја ампутираа ногата, а денес и ја отстранија и гр*дата

Татјана Јованчевиќ многумина ја паметат по учеството во реалното шоу „Големиот брат“ во кое учествуваше пред 10 години.

Вниманието во јавноста таа го привлече поради болеста на 23 години кога и била и ампутирана ногата, а седум години подоцна преживеа вистински пекол.

Имено таа во 1996 година останала без својата нога откако и дијагностицирале тумор во коленото. Нејзината мајка за време на нејзиното учество во реалното шоу раскажа и страшни детали за нејзиното детство.

Како што Гордана тогаш раскажала нејзината ќерка Татјана на 16 години била чувана три месеци во подрум од страна на нејзините баба и дедо, а потоа успеала да избега.

Од друга страна нејзиниот татко за кого таа и нејзината мајка тврдеа дека ги избркал на улица во 2009 велеше дека тоа се измислици.

Татјана денеска работи во козметички салон, а овие денови е повторно во центарот на вниманието поради тоа што преку социјалните мрежи се бара апел за помош откако и се вратил ракот на дојката.

-На нашата Татјана пред два месеци и е откриен тумор на дојката. По мачните прегледи таа е оперирана и отстранета и е едната дојка. За десетина дена започнува и првиот циклус на хемотерапија, на Татјана ова и е втор пат што се бори со пеколната болест, па затоа овој пат и е потребна материјална помош. Ве молиме сите да помогнете да оваа болест полесно ја преброди, стои во објавата која се шири на социјалните мрежи.

Коментари

Популарно