Драма пред настапот на познатата српска пејачка

Познатата српска пејачка Љупка Стевиќ ноќеска се онесвестила пред настап во еден клуб, наводно пред да излези на самата бина.

Имено, очевидци кои што се нашле на лице место во детали за српските медиуми раскажаа што навистина се случило.

-Љупка пристигна пола сат пред да излезе на бината. Делуваше како се е во најдобар ред или таа тоа вешто го сокрила . Не делуваше дека дека нешто ќе тргне на лошо. Во еден момент пејачката пребледела и се онесвестила, раскажува извор за српските медиуми.

Како што открил истиот, веднаш била повикана Брза помош, а истата не пристигнала па припадници од обезбедувањето со автомобил мораа да ја однесат во болница.

Луѓето испаничиле и се обидувале да ја вратат во живот но таа не реагирала открива друг извор.

-Веднаш била повикана Брза помош, но не се појави. Луѓето во клубот се обидуваа да ја вратат во живот, но таа не реагираше. Сите се испаничија. Децките од клубот ја подигнаа на раце и со автомобил ја однесоа во Болница, открива извор кој што се нашол на лице место на немилиот настан.

Коментари

Популарно