ФОТО: Вака изгледа Ангела Меркел кога ќе се соблече по костим за капење

Таа е една од најмоќните жени на планетата која сме навикнале да ја гледаме само во работни одела и на службена должност. Но, што се случува кога папарацо фотографите ќе ја „уловат“ на плажа? Па, се знае – ексклузива.

Ангела Меркел (68) која Германците ја нарекуваат и „мајка“, а остатокот од светот „кралица на Европа“, секогаш сме навикнале да ја гледаме во едноставни модни комбинации кои ѝ прилегаат на жена на нејзини години и функцијата која ја имаше пред малку повеќе од половина година – германска канцеларка.

Но, и толку високорангирана дама има право на одмор. Па, така пред неколку години таа била фотографирана на плажа и тоа во костим за капење.

Многу се ретки приликите кога би ја виделе во нешто лежерно, а не пак во костим за капење, па фотографиите од првата жена на Германија ја обиколија планетата со брзина на светлината.

Нејзиниот сопруг Јоаким Зауер е професор на берлинскиот Универзитет. Не сака публицитет, па дури не се појавил ниту на инаугурацијата на Меркел во 2005 година.

Сака опера и прошетки, а се вози со евтини авионски летови, па дури и тогаш кога му било дозволено да патува со Ангела Меркел во официјален авион.

Поради неговото интересирање за опера, Германците го нарекуваат „Фантом од опера“.

Приказната дека живеат во изнајмен стан и дека времето го поминуваат најчесто читајќи или готвејќи најверојатно се точни.

Инаку, Ангела Меркел излезе од политиката на 8 септември 2021 година.

Коментари

Популарно