Пожар го „проголта“ домот на семејството Автароски од струшко Ливадишта

Семејството Автароски од струшко Ливадишта   остана без својот дом .Сашо додека бил на работа ноќна смена му се запалила куќата која  со  мака и пот ја градел 10 години, а година и пол живеат во неа со сопругата и  два сина. Во целата несреќа за среќа едно од неговите  деца  било будно и го осетило пожарот па успеале да се извлечат од пламените јазици, 13 годишниот Дејан е трауматизиран а маката да биде уште поголема сега преспиваат кај пријатели и роднини.

За среќа нема жртви во пожарот но тројца пожарникари биле повредени од струен удар при гасење на пожарот на кровот од куќата.

Стружанецот Сашо апелира до сите хумани луѓе да му помогнат да го обноват својот дом граден со пот  да се вратат насмевките на нивните лица и да имаат еден достоинствен живот.

Коментари

Популарно