Малолетник со мопед удрил во одрон и паднал на коловозот на автопатот Скопје - Свети Николе

На 31.08.2024 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје - Свети Николе, кај клучка Коњари, малолетник од Свети Николе, управувајќи мопед „априлија“ со светиниколски регистарски ознаки, удрил во одрон и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.

Коментари

Популарно