Жена без искуство во летање приземјила авион откако нејзиниот сопруг – пилот доживеал срцев удар

Ивон Кинан-Велс, која немала искуство со летање, го приземјила авионот откако нејзиниот сопруг, пилотот Елиот Алпер доживеал срцев удар додека управувал со авионот од Лас Вегас до Монтереј, Калифорнија, соопшти Федералната управа за авијација.

Кога се случил инцидентот, во двомоторниот авион биле само двајцата, а Националниот одбор за безбедност на транспортот објавил дека покренал истрага за случајот, објави „УСА Тудеј“.

Кинан-Велс добила помош од контролорите на летање и принудно слетала на аеродромот Медоус Филд во Калифорнија, на повеќе од  320 километри оддалеченост од нејзината првобитна дестинација.

Алпер, кој доживеал срцев удар, бил итно пренесен во болница, а подоцна починал.

Коментари

Популарно