Ќе се сели елката на нова локација на плоштадот во Скопје

Новогодишната елка на плоштадот Македонија, висока 18 метри, годинава ќе блесне во златна боја.  Оваа година таа ќе стои во просторот меѓу „Сити галери“, „Лумикс“ и ресторанот „Пелистер“, соопштија од Град Скопје.

elka

Во последните неколку таа беше поставена во тревникот пред МЕПСО, но поради градежните работи оваа година е сменета локацијата.

На местото на тревникот започна изградба на хотел и Офицерски дом, во кој ќе биде сместена Градска куќа.

Коментари

Популарно