Никој не смеел да му писне на Тито за три работи

Тито најмногу сакал да игри каде што има само еден противник, па затоа често играл шах и тенис..

josip_broz_tito

Музејот на историјата на Југославија секојдневно се полни со туристи, кои доаѓаат да ја посетат институцијата во која се чуваат спомени од доживотниот претседател на Југославија, Јосип Броз Тито. Момо Цвијовиќ и Веселинка Кастратовиќ Ристиќ едни од вработените во музејот, дошле до идеја да ги изложат предметите кои Тито најмногу ги користел. При одбирањето на предметите, тие сакале луѓето да навлезат во приватниот живот на Маршалот и да дознаат каква личност бил тој за време на неговото претседателство.

tito53

Изложбата била тематски пе поделена на пет целини: Човек со стил, Средби, Патувања, Хедонизам и Друже Тито ние ти се колнеме. Изложени се 61 предмет, како и 128 штафети, кои му ги добивал за 25 мај, Денот на младоста.

tito42

Меѓу експонатите се нашле и цилиндарите кои ги носел Броз, костумите, чевлите, но и деталите по кои бил специфичен, како што се наочарите за вид, запалките и украсните игли за вратоврски. Цвијовиќ го истакнал и упатство за начинот на работата на претседателот и за тоа како изгледал еден негов работен ден.

- Интересно е тоа дека се спомнати само три ситуации во кои претседателот воопшто не сакал да го вознемируваат, а тоа се додека гледал филм, кога бил во фото лабораторијата и додека бил на плажа, изјавил Цвијовиќ.

Токму ова укажува на фактот колку Тито знаел да ужива во својот живот, а познато е дека сакал да гледа филмови. Дневно гледал по два, три филмови. Најголем дел од денот Тито ги извршувал своите државни обврски, како што е примање пошта, одговарање на писма и држење состаноци, а кога одмарал знаел и да заигра некој спорт.

tito110

Тито најмногу сакал да игри каде што има само еден противник, па затоа често играл шах и тенис. Во архивата на музејот се наоѓаат многу фотографии на кои е прикажан Тито во своите слободни активности.

tito81

- За животот на Тито е сочувана фантастична документација и архива на фотографии, а не знам дали е тоа случај и со денешните претседатели. Проблемот е во начинот на живот. На изложените фотографии пред сè се гледа дека Тито имал време, бидејќи по протоколот постоеше слободно време, а меѓу останатото имал време и за средби со фоторепортерите – време кое денес воопшто го нема, изјавил Цвијовиќ.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно