Двојно убиство се случило вчеравечер во Охрид.
Како што објави порталот Охриѓани.мк вчеравечер двајца напаѓачи упаднале во кафеаната Император и поради нерасчистени меѓусебни сметки со огнено оружје го убиле сопственикот на ресторанот Васил Ристески воедно претседател на демохристијанска партија во Охрид. Убиено е уште едно лице. Вечерва на местото на настанот увид вршеше полицијата. Детали за овој немил настан се очекуваат утре.