ВИДЕО: Вака жена вози преку подвижен мост

Како на филм! 58 годишна жена прелета преку подвижен мост и скокна од висина од два и пол метри. За оваа акробација во храватскиот град Тисин, жената коај е од Шибеник била казнета со 250 куни.

Untitled

- Одлета со брзина од најмалку 80 километри на час и продолжи да вози до кафулињата, а потоа застана. Од ударот сите воздушните перничиња беа отворени во автомобилот, но мислам дека таа не е повредена, ниту совозачот – изјави друг сведок на акробацијата на мостот.

Бритни Спирс жестоко се скарала со момчето, па полугола ја изнеле од хотелот

Службите за итни случаи одговориле на инцидентот меѓу Бритни Спирс и нејзиното момче Пол Ричард Солиз во хотелот Шато Мармонт во Лос Анџелес вќера рано наутро, пишува Page Six.

Изворите тврдат дека двојката се скарале додека биле во луксузниот хотел, а портпаролот на противпожарната служба во Лос Анџелес, Брајан Хемфри, потврдил за Page Six дека 911 биле повикани во Шато Мармонт кратко по полноќ. „Добивме повик на 911 со пријавување повредена возрасна жена. Повикувачот немаше многу информации за повредата. Испративме едно возило на местото на настанот“, изјави претставник на противпожарната служба во Лос Анџелес.

До 01 часот и 17 минути на местото пристигнала брза помош, а на повикот се јавиле само пожарникарите, додека полицијата не била на терен. Извор изјавил за Page Six дека Спирс, која живее во блискиот Thousand Oaks, Калифорнија, го напуштила хотелот со обезбедување и е „сега дома и безбедна “.

Пејачката е видена како го напушта хотелот боса, во долна облека, завиткана во ќебе и држејќи перница во рацете. По инцидентот, изворите рекоа дека пријателите на пејачката биле многу загрижени за нејзината врска со Солиз, а еден пријател рекол: „Тој е лоша вест од самиот почеток“.

Во август 2023 година, Спирс се шпекулираше дека се „зближува“ со Солиз, нејзиниот поранешен куќен помошник, но упатените во тоа време рекоа дека се загрижени за неговото криминално минато. Судските записи покажуваат дека тој бил обвинет за повеќе прекршоци, па дури и кривично дело затоа што поседувал огнено оружје.

За потсетување, во средата беше финализиран разводот меѓу Спирс и нејзиниот поранешен сопруг Сем Асгари. Парот се разведе во август минатата година по 14 месеци брак. „Бритни врти нова страница“, изјави извор за Page Six претходно, додавајќи дека разводот бил финализиран „пријателски“ со „строг предбрачен договор“.

Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие

Манекенката Емили Ратајковски (32) присуствуваше на глобалниот гала настан „The King’s Trust“ одржан во Њујорк.

Познатата убавица за оваа пригода избра свилен крем фустан со раскошно деколте, кое допираше речиси до нејзиниот папок и кој брилијантно ја истакна нејзината витка линија.

Фустанот е со гол грб и врзан околу вратот, а Ратајковски не носеше градник поради кројот на фустанот. Долгата коса ја остави пуштена, а целиот стајлинг го комплетираше со сребрени обетки.

Овој настан е основан од британскиот крал Чарлс Трети со цел да им се помогне на младите.

Видео: Ен Хатавеј доживеа непријатност во студио, водителот ја спаси

41-годишната оскаровка Ен Хатавеј гостуваше во емисијата The Tonight Show на Џими Фалон. Ен е една од ѕвездите на претстојниот филм The Idea of You, каде ја игра самохраната мајка Солен, која започнува врска со 24-годишниот Британец Хејс Кембел, кој го игра Николас Галицин.

Филмот е снимен на истоимениот роман на Робин Ли од 2017 година. Актерката имаше прилично непријатен момент во шоуто кога ја спомна книгата на Робин и ентузијастички ја праша публиката: „Дали некој овде ја прочитал книгата?“

Наместо одговор, настапила потполна тишина. Од изразот на лицето на актерката се видело дека ѝ е непријатно и дека е шокирана од недостатокот на реакција од публиката, но Џими Фалон веднаш „притрчал“ во помош да ја спаси. Тој рече: „Не, не читаме“. Таа досетка ја прекинала тензијата во студиото, а Ен и публиката се насмеале.

„Ова е „The Tonight Show“. Одете кај Стивен Колбер доколку сакате да имате луѓе кои читаат книги. Бедно. Ние овде сме на „Audible“, се смета ли тоа?“, додал тој.

Тогаш Џими ѝ се обратил на Ен: „Значи, се заснова на книга?“, на што Ен му одговорила: „Што е книга?“.

Непријатниот момент од шоуто се споделува на социјалните мрежи и многумина ја фалат реакцијата на Џим.

„Џими всушност беше одличен водител во оваа ситуација“, „Ова е многу паметна шега“, „Фелон во потполност ја разбира својата улога во овој момент и ја вади Ен Хатавеј од тишина додека го исмева Стивен Колбер“, се само дел од коментарите.

Популарно