Перо Антиќ отпадна од „Ол стар“ видекндот во НБА

Mакедонскиот репрезентативец и кошаркар на Атланта Хоукс, Перо Антиќ нема да учествува на „Викендот на сите ѕвезди“ во НБА лигата, што оваа година ќе се одржи во Њујорк.

Pero+Antic+Atlanta+Hawks+v+Miami+Heat+dSSNxclnhOal

Челниците во НБА лигaата вечерва ги објави имињата на дебитантите и оние кои втора година играат во најсилната кошаркарска лига, но во нив не се најде Антиќ и покрај неговите квалитетни игри изминатиов месец и извонредните изданија на неговиот тим Атланта.

Според правилата, годинава „Ол – Стар" натпреварот ќе биде меѓу играчите од американскиот континент и странците кои настапуваат во НБА лигата.

Во тимот на странци ќе настапат: Стивен Адамс (Тандер), Јанис Антетокунпо (Милвоки), Бојан Бодановиќ (Бруклин), Горги Џенг (Минесота), Руди Гобер (Јута), Никола Миротиќ (Чикаго), Кени Олиник (Бостон), Ендрју Вигинс (Минесота), Денис Шродер (Атланта).

Во екипата на САД која како и првата е составена од играчи кои се дебитанти или играат втората сезона во НБА се наоѓаат: Треј Брк (Јута), Кентавиус Келдвел-Поуп (Детроит), Мајкл Картер Вилијамс (Филаделфија), Зек Лавин (Минесота), Шабаз Мухамед (Минесота), Нерленс Ноел (Филаделфија), Виктор Оладипо (Орландо), Елфрид Пејтон (Орландо), Мејсон Пламли (Бруклин) и Коди Зелер (Шарлот). Предводник на тимот ќе биде Алвин Гентри од Голден Стејт.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно