Револтирани од односот кој продукцијата на „Иксфактор“ го имала кон нив, финалистите од првата сезона по социјалните мрежи го искажаа својот гнев. По Фифи, кој во долг статус го раскажа своето лошо искуство со „Иксфактор“, на „Фејсбук“ револтот го покажаа и босанските натпреварувачи, Илма Карахмет и Харис Чато.
На продукцијата Х Фактор срдечно и заблагодарувам за бришењето на сите снимки од Јутјуб. Ако, добри пари заработивте на нас, ни ветивте ѕвезди, песни, спотови и се останато што ние никогаш не го добивме. А мислам дека сега дојде време вистината да излезе на виделина. Продукцијата Х Фактор така добро не искористи нас учесниците, што ние не сме ни свесни за тоа. Само еден пример е „турнејата“ која ни беше ветена, па на крај беше само Скопје. Од
НАШАТА заработка на концертот во Скопје добивме еден мал процент од типот на 0,1%. Никогаш немам доживеано поголема гадост во животот од ова. Толку многу имам да кажам, а толку малку нерви… ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ, ФУЈ… Да даде Господ да ви изгори студиото – напиша Харис на „Фејсбук“.