Жалбениот совет на Хашкиот трибунал наложил лидерот на Српската радикална партија Војислав Шешељ да се врати во Притворската единица на Трибуналот во Шевенинген.
Жалбениот совет му наредил на Претресниот совет да ја отповика одлуката за предвремено пуштање на Шешељ и тој да биде вратен во притвор.
По ова, Србија и Холандија треба повторно да се изјаснат за неговото пуштање на слобода по што повторно ќе се разгледува можноста да му биде доделена привремена слобода.