Фото: И Бугарите си ставија споменик на Цар Самуил во Софија

И во главниот град на Бугарија ќе никне споменик на Цар Самуил. Фигурата ќе биде висока 4 метри и ќе биде поставена на постамент од 2,20 метри.

samuilnaslovna

Иницијативата е по повод 1000 години од смртта на Цар Самуил, а како што наведува бугарски Дневник, мотив е и тоа што Софија е единствен главен град во Европа во чиј центар нема поставено споменик на голем владетел.

samuil

Креаторите велат дека фигурата е автентична, а Цар Самуил е со наведната глава бидејќи така изразува достоинство. На тој начин тој ја гледал од високо својата армија и својот народ. Скулптурата ќе биде поставена веднаш до базиликата Св. Софија, а откривањето на споменикот е закажано за 8-ми јуни.

samuil2

sam

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно