Јелена Розга и Стјепан Хаузер

Чекор напред во врската на Јелена Розга и Стјепан Хаузер.

Дека нивната љубов не е само рекламен трик - како што се зборува - пејачката од Сплит и виолончелистот од Пула, сведочат од ден на ден: тој се помалку патува, а таа се повеќе го сака...

Jelena Rozga i Stjepan Hauser 620

За помалку од три месеци од почетокот на врската помеѓу сплитската пејачка и познатиот виолончелист, тие се одлучија на заеднички живот во Загреб, каде што неодамна изнајмија стан.

Кога требаа толку долго да чекаат на вистинската љубов, заљубените Јелена Розга и Стјепан Хаузер одлучија да не губат повеќе време. Тие се одлучија на заеднички живот, пишува списанието Глорија. Во Загреб, изнајмиле стан со цел да поминуваат повеќе време заедно.

Untitled-3

Нивнита врска ја објавиле во јавноста кон крајот на август, а медиумските наслови дека тоа е само маркетингшки трик, ги игнорираат. Дека постои тајна врска, покажал и Стјепан кога пред еден месец, својата избраничка во Лас Вегас ја претставил на Елтон Џон.

Видео: Мадона одржа во Рио, пред 1,6 милиони луѓе

Американската пејачка Мадона (65) синоќа одржа бесплатен концерт во бразилскиот град Рио де Жанеиро, претворајќи ја прекрасната плажа Копакабана во огромен подиум за танцување, пишува „Асошиејтед прес“. Тоа беше последното шоу од нејзината концертна турнеја „The Celebration“, која започна во октомври минатата година, со концерт во Лондон, Велика Британија.

Таа го започна концертот со песната „Nothing Really Matters“ од 1998 година, а милионската публика ја поздрави со овации.

„Вечерва сме на најубавото место на светот. Ова место е магија“, изјави пејачката, гледајќи кон океанот, планините и статуата на Исус Христос во Рио.

Мадона ги изведе своите најголеми хитови, вклучувајќи ги „Like A Virgin“ и „Hung Up“. За воведот во „Like a Prayer“, нејзината глава беше целосно покриена со црна наметка, со бројаница во рацете.

Ѕвездата им оддаде емотивна почит на оние кои починаа од СИДА додека ја пееше „Live to Tell“, а зад неа беа прикажани црно-бели фотографии од луѓе кои умреле од болеста.

Подоцна, на сцената ѝ се придружија бразилските уметници Анита и Пабло Витар.

Рио де Жанеиро ги помина последните неколку дена подготвувајќи се за настапот.

Се проценува дека 1,6 милиони луѓе присуствувале на шоуто, објави „G1“, повикувајќи се на агенцијата за туризам на Градското собрание на Рио. Тоа е повеќе од 10 пати повеќе од рекордната посетеност на Мадона од 130.000 луѓе на парискиот Парк де Ско во 1987 година.

Шер објасни зошто се забавува со далеку помлади мажи: Изјавата ја опишуваат како бизарна

Славната Шер (77) од почетокот на минатата година е во врска со 39 години помладиот рапер Александар Едвардс (38).

Поради значителната разлика во години, нивната врска наиде на различни коментари, а пејачката сега откри зошто сака да излегува со помлади мажи.

– Причината поради која излегувам со помлади мажи е затоа што мажите на моја возраст се стари и сите мртви. Пред тоа беа премногу исплашени да ми пријдат. Помладите мажи беа воспитани од жени како мене – изјави таа во една емисија.

Пејачката и раперот се запознале во септември 2022 година, а набрзо започнале врска. Тие раскинаа во мај 2023 година, но се смирија. Откако повторно почнале да излегуваат, пејачката кажала колку сето тоа било неочекувано.

– Им реков на пријателите, не се заљубувајте во помлади мажи, премногу сме стари. И не се заљубувајте преку пораки. Мојата теорија пропадна – изјави претходно таа за странските медиуми.

Емили Ратајковски го привлече вниманието со фустан кој повеќе открива отколку што крие

Манекенката Емили Ратајковски (32) присуствуваше на глобалниот гала настан „The King’s Trust“ одржан во Њујорк.

Познатата убавица за оваа пригода избра свилен крем фустан со раскошно деколте, кое допираше речиси до нејзиниот папок и кој брилијантно ја истакна нејзината витка линија.

Фустанот е со гол грб и врзан околу вратот, а Ратајковски не носеше градник поради кројот на фустанот. Долгата коса ја остави пуштена, а целиот стајлинг го комплетираше со сребрени обетки.

Овој настан е основан од британскиот крал Чарлс Трети со цел да им се помогне на младите.

Популарно