(ФОТО) БЛАМАЖА: Мики Рурк шета со дамка на незгодно место

rurk

Славниот глумец и покрај тоа што е познат по тоа што во последно време се појавува во чудни комбинации на облека, се до шокантни трансформации со пластична операција. Настрана тоа што од папраци-фотографите е фатен на дело како излегува од салон за надградба на коса, погледнете ја дамката на неговата облека. Како ли само оваа дамка се најде таму?

И овој пат неговата облека е дискутабилна. хулахопки ли се долна облека ли е?

Златен глобус 2025: Доминација на „Бруталист“ „Емилија Перез“ и „Шогун“

Филмовите Бруталист (The Brutalist) и Емилија Перез (Emilia Pérez), како и серијата Шогун, доминираа на синоќешното доделување на наградите „Златен глобус“, со што почна и овогодишната сезона на награди.

Нискобуџетната епска драма The Brutalist, која ја раскажува приказната за архитект кој го преживеал холокаустот, освои три награди: најдобар филм во категоријата драма, награда за најдобар актер (Адријан Броди) и награда за најдобра режија (Брејди Корбет). На крајот од својот говор, Корбет му оддаде почит на режисерот Џеф Баена, кој почина оваа недела.

Броди, кој претходно го загуби „Златниот глобус“ за улогата во Пијанистот пред да освои Оскар, го опиша филмот како „приказна за човечката способност за создавање.“

Крими-мјузиклот на Нетфликс Емилија Перез, кој беше најмногу номиниран филм на вечерта, освои четири награди: за најдобар филм – мјузикл или комедија, најдобра споредна женска улога за Зои Салдана, оригинална песна и најдобар филм кој не е на англиски јазик.

Салдана ја победи својата колешка Селена Гомез и Аријана Гранде од Wicked за наградата за споредна улога.

Изненадување беше и наградата за најдобра актерка во драма, која ја освои бразилската ѕвезда Фернанда Торес за нејзината улога во драмата I’m Still Here, сместена во 70-тите години на минатиот век. Таа ги победи Никол Кидман, Анџелина Џоли и Кејт Винслет. Торес наградата ѝ ја посвети на својата мајка, актерката Фернанда Монтенегро, која пред 25 години беше номинирана за „Златен глобус“ за улогата во Central Station.

Деми Мур ја освои наградата за најдобра актерка во мјузикл или комедија за The Substance, победувајќи ги Синтија Ериво и Мајки Медисон. – Не го очекував ова, изјави Мур, додавајќи дека досега ништо не освоила. Таа сподели емотивна приказна за недостигот на самодоверба поради тоа што не била сфатена сериозно.

Себастијан Стен ја изгуби наградата за најдобар актер во драма, но го освои „Златниот глобус“ за најдобар актер во мјузикл или комедија за улогата во A Different Man.

Историската епска серија Шогун доминираше во категоријата ТВ драми, додека хит-серијата Baby Reindeer освои две награди.

Иако Wicked беше исклучен од главните категории, му беше доделена награда за кинематографски и бокс-офис достигнувања – категорија која беше воведена минатата година и првпат ја освои филмот Barbie.

Водителката на вечерта, Ники Глејсер, која оваа година беше номинирана за својот стенд-ап специјал, во својот воведен монолог вечерта ја нарече „најголемата вечер на Оземпик“.

Златните глобуси ги освоија:

Најдобар филм – мјузикл или комедија – „Емилија Перез“

Најдобра актерка во филм – мјузикл или комедија – Деми Мур („Супстанција“)

Најдобар актер во филм – мјузикл или комедија – Себастијан Стен („A Different Man“)

Најдобар филм – драма – „Бруталист“

Најдобар актер во филм – драма – Адриен Броди („Бруталист“)

Најдобра актерка во филм – драма – Фернанда Торес („Сè уште сум тука“)

Најдобра споредна женска улога во филм – Зои Салдања („Емилија Перез“)

Најдобра споредна машка улога во филм – Киеран Калкин („A Real Pain“)

Најдобар режисер – Брејди Корбет („Бруталист“)

Најдобар филм (неанглиски јазик) – „Емилија Перез“

Најдобар анимиран филм – „Flow“

Најдобро сценарио – „Конклава“

Најдобра оригинална песна – „Ел Мал“ („Емилија Перез“)

Достигнување на благајните – „Wicked“

Најдобра телевизиска серија – мјузикл или комедија – „Hacks“

Најдобра актерка во телевизиска серија – мјузикл или комедија Жан Смарт („Hacks“)

Најдобра телевизиска серија – драма – „Шогун“

Најдобар актер во телевизиска серија – драма – Хиројуки Санада („Шогун“)

Најдобра актерка во телевизиска серија – драма – Ана Саваи („Шогун“)

Најдобар актер во телевизиска серија – мјузикл или комедија – Џереми Ален Вајт („Мечката“)

Најдобра кратка серија, антологија или ТВ филм – „Baby Reindeer“

Најдобар актер во ограничена серија, антологиска серија или ТВ филм – Колин Фарел („The Penguin“)

Најдобра изведба на актерка во ограничена серија, антологија или ТВ филм – Џоди Фостер („True Detective: Night Country“)

Најдобра споредна женска улога во ТВ серија – Џесика Ганинг („Baby Reindeer“)

Најдобра споредна машка улога во ТВ серија – Таданобу Асано („Шогун“).

Лоша вест за македонските гледачи: Се укинуваат 13 турски серии

Од „Сулејман Величествениот“ до модерните хит серии како „Златниот кафез“, турските режисери, продуценти и сценаристи се мајстори во својот занает, а многу згодни актери и актерки станаа светски ѕвезди.

Сепак, економската криза и падот на приходите од реклами создадоа сериозни проблеми и за постоечките серии и за новите проекти во Турција. И покрај гледаноста, 13 серии се збогуваа со екранот поради малите буџети за рекламирање, а многу нови продукции не можеа да се реализираат.

Турските серии со години ги освојуваат срцата на публиката ширум светот со своите емотивни приказни, љубовни заплеткувања, семејни интриги и неочекувани пресврти, талентирани актери, визуелна привлечност и богата продукција.

Телевизиската индустрија не ја заобиколи економската криза, поради што се откажуваат многу проекти. Според локалните медиуми, многу серии биле финализирани таму за кратко време, бидејќи приходите од реклами во 2024 година паднале за половина.

 Осум серии кои стигнаа до финалето штотуку почнаа да се прикажуваат, а останатите пет завршуваат во втората сезона, јавуваат локалните медиуми. Втората сезона од серијата „Диво срце“, требаше да има финале, но поради одлука на RTÜK не се емитуваше. Последната епизода од серијата беше одложена за првите недели од оваа година.

Телевизиските канали почнаа да се фокусираат на помалку проекти во услови на зголемување на трошоците и намалување на приходите. Ова создава нови предизвици и за публиката и за продуцентските куќи.

Најмногу очекуваните 25 филма за 2025 година

На почетокот од 2025 година, американскиот „Лос Анџелес тајмс“ објави 25 филмови што ги оцени како „најнестрпливо очекуваните“ за годинава.

На листата се наоѓаат: документарецот „Лајза: Навистина страшна, апсолутно вистинска приказна“, (Liza: A Truly Terrific Absolutely True Story) (во кината на 31 јануари), „Бриџит Џонс: Луда за момчето“ (Bridget Jones: Mad About the Boy) (13 февруари), „Падингтон во Перу“ (Paddington in Peru) (14 февруари), „Мики 17“ (Mickey 17) (7 март), „Свадбениот банкет“ (The Wedding Banquet) (18 април), Грешници“ (Sinners) (18 април).

Меѓу одбраните 25 филмови е и „Невозможна мисија: Конечното пресметување“ (Mission: Impossible - The Final Reckoning) (со премиера на 23 мај)... Последниот, осми филм од серијалот што трае скоро 30 години, раскажува за Итан Хант (Том Круз) и неговиот тим (одглумен од Сајмон Пег, Винг Рејмс и Хејли Атвел) кои сè уште се во битка да го запрат „Ентитетот“ - непријателска вештачка интелигенција што ѝ се заканува на глобалната стабилност. Ова е четвртата „Невозможна мисија“ на режисерот Кристофер Мекквари, но и осма за веќе 62-годишниот Круз.

Продолжението на акционите филмови „Џон Вик“, насловено „Балерина“ (Ballerina) излегува на 6 јуни. Списокот продолжува со „Елио“ (Elio) (13 јуни), зомби-апокалиптичната сага „28 години подоцна“ (28 Years Later) (20 јуни), „Ф1“ (F1) (27 јуни), како и продолжението на НФ-трилерот „М3ган“ (M3GAN 2.0) (27 јуни).

Натаму се наброени и сè уште ненасловената комедија на Треј Паркер и Мет Стоун закажана за 4 јули, како и проектот Томас Андерсон и Леонардо ди Каприо за на 8 август. Меѓу нив е и најновиот „Супермен“ (11 јули).

Меѓу најистакнатите од овој список е „Пооткачен петок“ (Freakier Friday) - продолжението на комедијата „Откачен петок“ со Линдзи Лохан и Џејми ли Кертис од пред 22 години. Филмот излегува на 8 август.

По него следат: „Невестата“ (The Bride) (26 септември), „Злобница: Засекогаш“ (Wicked: For Good) (21 ноември), „По ловот“ (After the Hunt), „Умри, љубов моја“ (Die, My Love), „Мастермајнд“ (The Mastermind), „Материјалисти“ (Materialists), „Мајка Марија“ (Mother Mary), „Сентиментална вредност“ (Sentimental Value) и „Патот на ветрот“ (The Way of the Wind), за кои нема датуми за киноприкажувањата.

Популарно