Газдата на кафаната пред убиството го исмевал убиецот Мартиновиќ

Аца Мартиновиќ (45) од Цетиње, кој на 1 јануари уби 12 жртви, меѓу кои и две деца на возраст од 9 и 14 години, наводно се скарал со сопственикот на локалот Мирко Вулетиќ (42) околу палењето на Бадников оган, а полемика се водела и за некои жени.

Да потсетиме, Мартиновиќ новогодишното злосторство го изврши по кавга во кафеана која кулминираше со уште едно масовно убиство овој град на Црна Гора.

По вербална расправија, убиецот отишол во својата куќа, се вооружил и започнал крвопролевање, каде од неговите раце загинале 12 жртви. По повеќекратните убиства, Ацо Мартиновиќ си пресуди.

– Денови пред злосторството, екипата седеше во кафаната на Мирко и се дружеше со музика и пијалоци по нивен обичај. Ништо не сугерираше дека ќе има масакр по новогодишната ноќ. Вистински масакр. Во таа кафана имаше крв до колена – со треперлив глас вели жител на Цетиње и продолжува:

– Во кафаната тоа попладне биле Мирко, браќата близнаци Милош и Марко Мартиновиќ, како и уште неколку момци. Додека постарите гости седеа на друга маса. Нешто попладне им се придружил Ацо Мартиновиќ кој се однесувал како и обично.

-Пееја со цел глас, на крајот на краиштата празници се, па луѓето зошто да не се забавуваат. Но, набрзо се скарале кога, наводно, Вулетиќ, сопственикот на кафеаната, почнал да се потсмева со Мартиновиќ – тврдат жители на Цетиње и објаснуваат дека ова се се погласните зборови за можниот мотив за масакрот:

– Многу се зборуваше за тоа кој годинава и каде ќе го пали Бадниковиот оган, со оглед на тоа што во Цетиње „владеат“ две струи на црквата и на свештенството. Ацо Мартиновиќ во еден момент почна да го кажува своето мислење и наводно добил бројни критики врз основа на искажаните ставови. Се сомнева дека Мирко бил најгласен и дека дури неколку пати му префрлал за неговата сексуална определба. Тој изнесњ неколку шеги на сметка на некои жени.

Како што подоцна изјави вториот жител на Цетиње, Мартиновиќ збеснал поради сите тие шеги на негова сметка и бесен излегол од локалот и ја треснал вратата.

– Момците во кафеаната се смееја на нивната дискусија, но на сето тоа не и придаваа преголема важност, со оглед на тоа дека се пријатели и роднини со децении и дека никогаш немале сериозни расправии и дека имало полемики на истите теми претходно – вели изворот.

– Аца Мартиновиќ, кој тој ден наводно испил неколку пијачки во кафана, отишол во куќата, зел пиштол и муниција и го започнал масакрот.

Мартиновиќ буквално од вратата на локалот почнал да ги решета гостите на кафеаната со кои претходно седел во пријателска средина, тврдат оттаму.

– Никој не очекуваше дека ќе пука кога го виделе. Некои, како што се вели, не го ни виделе туку биле убиени одзади. Каков ужас. Излегол ладнокрвно и така вооружен и крвав почнал да бега во непознат правец – наведува соговорникот:

– Сметаме дека сите жртви се избрани со причина. Којзнае колку од нив ќе убиеше ако не беше лоциран подоцна… Го убил и Марко, кој не бил ни во кафеаната кога наводно избила расправијата. Не се двоумел ниту да ја убие сопствената сестра Зорица Вулетиќ. 

Цетињани се согласни дека кој и да бил можниот мотив на злосторството, никој не требало да настрада.

– Мислам дека човекот едноставно полудел. Не можам да мислам на ништо друго. Којзнае колку луѓе има меѓу нас на кои само малку им треба да убијат некого – наведуваат и додаваат дека не знаат како ќе можат да го продолжат животот со оглед на тоа што ова е втор масакр во нивниот град за помалку од три години.

Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепале

На 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите

Повеќе од 3.000 универзитетски професори од Србија потпишаа отворено писмо за поддршка на студентите во нивните протести и барања. Бројот на потписници постојано расте, наведува Бета.

„Одлучно стоиме со нашите студенти во заедничката борба за подобро општество“, се вели во пораката на професорите. Тие остро го осудија секој обид на властите да ги заплашат студентите со јавно објавување на нивните приватни податоци и други форми на притисок.

Професорите упатија апел до надлежните институции да постапуваат совесно и одговорно во својата работа.

Пожар во куќа во Гази Баба

На 06.01.2025 во 20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Гази Баба настанал пожар во куќа, при што била опожарена соба и дел од кровот.

Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита-Скопје. Повредени лица нема.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје.

Популарно