Дали некогаш сте сонувале некој близок кој починал? - Еве што значи тоа ...

не сме сонувале

Нашите најблиски кои се починати, често ни се појавуваат на сон. Тоа е затоа што многу ни недостасуваат, но понекогаш овие соништа носат многу подлабока порака.

Дали вас ве посетил некој близок на сон, а неодамна починал?

Дали сте се запрашале што тоа значи? Лори Мур верува дека кога некој ќе ве посети во сон, а е починат, сака да ви испрати порака.

Тие се обидуваат да ви кажат дека се е во ред.

Мур вели дека често нашите починати не доаѓаат додека не заврши процесот на жалење, така да не може пораката да допре до вас. Ако гледате дека тие доаѓаат до вас на сон, значи дека се добри и дека стигнале до „другата страна“.

Ве посетуваат дека се присутни - без разлика дали тоа е преку мирис или трепкање на светлина или одредена песна на радио.

Ве потсетуваат дека се тука секогаш за да ви помогнат во се.

Можете да ги видите на сон и кога се наоѓате пред тешка одлука во животот, а тоа значи дека ве поддржуваат.

Сакаат да ви кажат дека ве сакаат и внимаваат на вас

Можеби и ве предупредуваат

Ако сакаат да ве предупредат за нешто, ќе се појават на друг начин од вообичаеното. Ќе изгледаат неприродно и чудно на сонот, а тоа значи дека не смеете да ги игнорирате.

Некогаш не кажуваат ниту збор

Можеби нема да прозборат во сонот, но телепатски ќе ја пренесат пораката. Можеби само ќе се насмеат и ќе си заминат, само да ви дадат до знаење дека внимаваат на вас.

Не сте единствени - на сонот се вообичаени и нормални

Овие сонови им се случуваат на сите кој имаат починато некој близок. Ако не сте ја сонувале саканата личност коај е почината, а сакате да допрете до неа, тогаш легнете со некои од личните работи на некој близок.

Сите ја знаат „Ѓурѓовден“, но малкумина ја знаат тажната вистина за песната

Православните верници денес го прославаат Ѓурѓовден- празникот врзан со најголем број обичаи што постојат во народното верување.

Песната Ѓурѓовден била создадена во возот на смртта кој патувал од Сараево до Јасеновац.

Затворениците во вагони без храна и вода почнале да паѓаат во криза од страв и несигурност. Во општиот хаос еден од нив за кој се вели дека бил член на Сараевска „СЛОГА“ од гордост и инает, запеал… Ова е тврдење на новинарот Вукашин Беатовиќ.

Еве како оди приказната: Мај шести во 1942 година– студено утро во Сараево. Полицајците им наредиле на ИТЗ да ги подготват заробените Срби. Во четири часот наутро во градот колони на затворениците од Јајце касарната и другите затвори ги собрале на железничката пруга во Сараево.

Колоната била околу три илјади претежно млади луѓе. Меѓу нив и домаќини заедно со нивните синови, како и муслимани кои ги поддржувале Србите или се изјасниле како Срби. Чуварите извикувале „Како сте Срби? Ве носиме на бесплатна екскурзија во Јасеновац”.

Возот на свети Ѓорѓија од Сараево отиде во Јасеновац. По патот затворениците во вагоните без храна и вода почнале да паѓаат во криза на страв и несигурност.

Во општиот хаос еден од нив запеал „Пролече на моје раме слече – џурџевак зелени – свима осим мени“.

Поради песната чуварите ги затвориле вратите од вагоните, а затворениците останале без воздух во тесните вагони стиснати еден до друг. Од три илјади колку што тргнале од Сараево до Јасеновац стасале само две илјади, а стотина од нив успеале да ја преживеат тортурата. Благодарение на преживеаните денес се знае за овој настан.

Под импресија на оваа приказна, Горан Бреговиќ ја направил песната „Ѓурѓовден“. Песната оттогаш стана глобален хит која се пее на повеќе јазици. Но, многу малку денес знаат за позадината на оваа песна, за возот на смртта и судбината на овие луѓе.

Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место

Францускиот бизнисмен Бернар Арно, кој има контролен пакет акции во холдингот „LVMH“, водечки светски производител на луксузна облека, е на првото место на ранг листата на најбогати луѓе во светот.

Според објавената листа на милијардери на Блумберг, богатството на Арно изнесува 215 милијарди долари и од почетокот на годината е зголемено за седум милијарди долари.

На второ место е основачот и поранешен извршен директор на „Амазон“, Џеф Безос, чие богатство се проценува на 198 милијарди долари.

Основачот на „Тесла“ и „Спејс Икс“, Илон Маск е на трето место со 194 милијарди долари.

Меѓу десетте најбогати луѓе во светот се и основачот на „Мета“ платформата Марк Цукерберг (153 милијарди долари), основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс (149 милијарди долари), коосновачите на „Гугл“ и „Алфабет“, Лери Пејџ (146 милијарди долари) и Сергеј Брин (138 милијарди долари), поранешен генерал. По нив следат директорот на „Мајкрософт“, Стив Балмер (130 милијарди долари), американскиот инвеститор и филантроп Ворен Бафет (132 милијарди долари) и основачот и претседател на корпорацијата „Оракл“, Лери Елисон (129 милијарди долари).

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Денес, освен вториот ден од Велигден, се празнува и Ѓурѓовден, празник во чест на Свети великомаченик Георгиј Победоносец, празникот на обновувањето на природата и на животот воопшто.

Празникот на светиот великомаченик Георгиј познат како Ѓурѓовден се празнува на 6 мај според новиот или на 23 април според стариот календар.

Тој се смета за најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и целото население во Македонија што од друга страна значи дека во неговата основа е празнувањето на природата, на разбудувањето на вегетацијата и на животот воопшто.

Популарно