Почина легендата на Формула 1 - најтажниот ден во историјата на овој спорт, денот кога замина кралот!!!

сена

Денешниот ден е најтажниот ден во историјата на Формула 1, денот кога во легендите замина најдобриот возач во историјата Аиртон Сена.

Пред точно 22 години, 1 мај 1994 години, на патеката Енцо и Дино Ферари, во Имола, Сена со брзина од 218 километри на час удри во бетонски ѕид. Брилијантниот Бразиелец загина на 34 години.

Еден ден порано, на истата стаза, на скоро истото место живото го загуби Австриецот Роланд Раценбергер.

Аиртон е роден во Сао Паоло на 21 март 1960. Поради проблеми со координација на движењето, неговиот татко го наговорил да почне да вози картинг.

Како тинејџер освојувал награди во картинг категоријата, а во 1982 се пресели во Англија, посветувајќи се на професионалната кариера во Ф1.

Во најбрзата категорија дебитираше во 1984 година, Вниманието на себе го привлече истата година, кога на големата награда на Монако, позади себе ја остави уште една голема легенда на овој спорт, најтрофејниот Михаел Шумахер, потоа големиот Алан Прост, а му дишеше во грб на Ники Науда.

Сена во својата кариера оствари 41 победа, а 39 пати беше на победничкиот подиум. Тој освои три титули (1988, 1990, 1991), а остана запамтен како кралот на овој спорт.

На денот кога замина во легендите, Сена возеше за Вилијамс. Снимките од камерите поставени на болидот на Михаел Шумахер покажуваат дека болидот на Сена во седмиот круг два пати излизгал, поради што излетал од стазата во кривината Тамбурело, па удрил во бетонски ѕид, кој не бил заштитен со гуми. Тој бил префлен со хеликоптер во болница во Болоња, каде починал неколку часа покасно поради повреди на главата.

Милиони Бразилци секоја година на 1 мај жалат за смртта на „златното момче“. А и милиони на иститот ден ја посетуваат стазата Имолам, местото на кое трагично заврши една убава приказна, за најдобриот Аиртон Сена.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно