Планирате одмор во Грција? Еве што се ќе плаќате поскапо

Од додатни трошкови нема да бидат исклучени ни оние кои на пат во Грција ќе тргнат со свој автомобил, бидејќи е планирано цената на бензин и дизел да биде зголемена за пет, односно осум одсто. Данокот ќе биде зголемен и за цигари и фиксна телефонија

ImageHandler

Се очекува грчката влада да го зголеми данокот на храна и пијалоци, а тоа неминовно ќе се одрази и на цените во продавници, кафулињата и ресторани, а до небо скокаат и цените на бензин, јавен сообраќај, цигари…

Грчките медиуми наведуваат дека данокот ќе биде зголемен од 23 на 24 одсто, што зачи дека туристите кои планираат да летуваат во Грција, поскапо ќе го плаќаат месото, лебот, млечните производи, тестенините, чајот, кафето, пивото, а и овошјето и зеленчукот.

Освен намирниците во продавници, поскапи ќе бидат и оброците во ресторани и пијачки во кафе барови, а за оние кои сакаат да ги посетат околните плажи, важна е информацијата дека ќе поскапи и јавниот превоз.

Од додатни трошкови нема да бидат исклучени ни оние кои на пат во Грција ќе тргнат со свој автомобил, бидејќи е планирано цената на бензин и дизел да биде зголемена за пет, односно осум одсто. Данокот ќе биде зголемен и за цигари и фиксна телефонија.

Економистите пак велат дека секоја држава кога треба да „набере“ пари, се ориентира токму на храната и пијалокот, бидејќи потрошувачката на тие намирници никогаш нема драстично да се намали, бидејќи народот мора да јаде.

„Тоа не е спектакуларно зголемување на цените, но секако ќе поскапат производите во малопродажните објекти. Секој данок, па и оној најминималниот, влијае на цените и создава додатни трошоци. Сигурно е дека Грците не сакаат да нанесат штета на својот туризам, но со ваков потег и тоа баш пред самиот почеток на туристичката сезона, ќе изгубат дел од туристите, кои под претпоставка ќе се ориентираат кон Бугарија, Црна Гора и Турција“, велат дел од економските експерти.

Сместувањето поскапо за 50 евра

Хотелски и апартмански смештај во Црна Гора и Грција оваа година ќе биде поскап за околу 50 евра за десет дена.

„Побарувачката е голема, а помала понудата па цените се повисоки“ , велат од една агенција.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно