Ќе се менуваат границите на Македонија, Косово и Босна!

Во интервју за „Вечерње новости“ , поранешниот заменик-шеф на ЦИА, Стивен Мејер изјави дека според него Република Српска и натаму ќе постои и додаде дека постојат големи шанси за менување на границите на Балканот, јави Танјуг.

karta-balkan

Мајер нагласи дека „ќе се менуваат границите на Косово, Босна и Херцеговина и во Македонија“.

- Најопасно место на Балканот во моментов е Македонија, не само поради проблемите меѓу македонските Албанци и македонските православни верници, туку и поради тоа што меѓу самите православни верници во Македонија постојат несогласувања, смета Мејер.

Тој на прашањето за опстанок на Република Српска изјави дека според него таа ќе опстане, но прашањето е само во која форма.

- И во иднина не очекува ситуација со два ентитети и мошне лабав договор меѓу нив. Сите одлуки треба да се носат на ниво на ентитетите. БиХ е фиктивна држава, држава само на мапа, истакна тој.

Одговарајќи на прашањето дали постои поддршка на САД за измена на Дејтонскиот договор и зајакнување на централната власт во БиХ, Мејер истакна дека општ заклучок е дека Белата куќа ги поддржува босанските муслимани и оти американската Амбасада во Сараево отсекогаш инсистирала на креирање единствена држава.

Во врска со одбележувањето на 21. годишнината од операцијата „Бура“ во Хрватска, Мејер на прашањето „зошто САД дозволиле етничко чистење на Србите во Хрватска и зошто никој не бил казнет за тоа?“, одговори дека американската Влада ги предупредила хрватските власти дека треба да застанат „кога биле на половина пат од нападот“.

- Постојат многу луѓе од Западот, кои тврдат дека тоа не е етничко чистење, што е смешно, бидејќо тоа е всушност тоа, рече Мејер.

Во врска со работата на Хашкиот трибунал, тој рече оти мисли дека „во Хаг има премногу Срби“, а за американската политика кон Косово наведе дека таа не се менувала од 1999 година.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно