ФОТО: Ова е херојот за кој зборува цел регион - го запре крвавиот масакр

heroj-srbija-640x432uk67i676

Љубо Милиновиќ од Житиште, татко на сопственикот на кафулето „Макијато“ во кое вчеравечер се случи невиден масакр, изјавил дека убиецот Синиша Златиќ (38) го совладале келенерот Исидор Сучевиќ и гостинот Милан Мајкиќ, двајцата од Житиште.

Инаку, пет лица се убиени, а 20 ранети ноќеска во местото Житиште, крај Зрењанин, кога лицето З.С. (38) влегло во кафулето „Макијато“ и истрелало повеќе куршуми од автоматско оружје, соопшти српското МВР, а пренесе Танјуг.

Тешкото убиство се случило околу 01.40 часот, а З.С. испукал повеќе истрели од автоматското оружје и притоа ја убил својата сопруга и уште едно женско лице, по што продолжил да пука врз сите кои во тој момент се наоѓале во кафулето, наведува МВР на Србија.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно