Гинекологот ќе одговара за смртта на родилката од Прилеп

По спроведените дејствија од страна на надлежен јавен обвинител, Основното јавно обвинителство – Прилеп до Основниот суд – Прилеп поднесе обвинителен предлог против Г.О., лекар специјалист гинеколог- акушерство Општа болница „Борка Талески” Прилеп, соопшти денеска Јавното обвинителство.

ginekologija

На обвинетиот му се става на товар дека сторил кривично дело – тешки дела против здравјето на луѓето.

На ден 18.02.2016 година, во просториите на болницата, осомничениот при укажување на лекарска помош – породување на сега починатата С.Б. од с. Беровци – Прилеп, несовесно постапувал. При приемот во одделението, осомничениот не презел соодветни дејствија и навремено не интервенирал при породувањето и во периодот по породувањето.

Како резултат на ненавремено преземање на соодветни дејствија здравствената состојба кај сега починатата нагло почнала да се влошува заради големото губење на крв, па осомничениот решил да преземе оперативен зафат кој бил безуспешен и не можело да се спречи понатамошното крварење.

И покрај сите преземени дејствија од страна на лекарите анестезиолози во рамки и во согласност со протоколите и објективната здравствена состојба, пациентката починала како резултат на хеморагичен шок настанат заради обилното крварење.

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица кои како соизвршители се осомничени за кривични дела – Разбојништво од член 237 став 1 и Противправно лишување од слобода согласно член 140 став 5 од Кривичниот законик.

Двајцата се осомничени дека на 23 април противправно лишиле од слобода едно лице, така што го повикале да излезе со изговор дека им е потребна помош, а потоа присилно го внеле во автомобил и се упатиле кон мостот на улицата “Беласица”.

Со возилото управувало трето лице – полициски службеник против кого постапката е издвоена и ќе ја води Одделението за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Додека полицискиот службеник возел, двајцата други осомничени му се заканувале на оштетениот и му нанеле убодни рани со нож во ногата и во рамото. Кога стигнале под мостот, насилно го извадиле од автомобилот и сите тројца физички го нападнале со удари со клоци и тупаници по целото тело, нанесувајќи му тешки повреди.

Му одзеле околу 8.000 денари колку што имал оштетениот со себе во моментот, а потоа го пуштиле да си оди со закана дека доколку до 1 мај не им исплати 10.000 евра ќе го убијат и него и неговиот татко.

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени против кои постапува. Едниот од нив е во бегство и притворската мерка ќе започне да се применува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка

Вчера во 11.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - с.Јажинце, на влез за тетовско Теарце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“, управувано од Ш.Џ.(74) од тетовско Шемшово и  патничко возило „фолксваген голф“, управувано од А.Р.(78) од тетовско Пршовце, двете со тетовски регистарски ознаки.

Во несреќата, А.Р. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ш.Џ. се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово, соопштува МВР.

Почина таткото на Тоше, Никола Проески

По долго боледување, почина таткото на Тоше, Никола Проески.

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави Дора, неговата ќерка.

„Светол патот, татко мој“, напиша таа.

Музичарот Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска. 

Популарно