Девојка од село бара маж кој би работел и живеел со неа: Таа за возврат го нуди ОВА!

Ветува дека ќе бидам добра жена, дека ќе готви секој ден и спрема, само стоката и останатите животни мораат да бидат нахранети.

4u4g4hrtr

Сајтот „Објави Онлајн“, цитира интересна порака за која не сме сигурни дали е автентична, но е интересна да се прочита.

Еве за што станува збор:

- Останав сама на оваа фарма, моите починаа минатата година, па се одлучив на овој потег затоа што ретко излегувам и бидејќи навистина немам време и едвај чекам да падне ноќ да одам да легнам. Барам маж или дечко кој би се оженил со мене и би работел со мене на мојата фарма, ветувам дека ќе му пружам и повеќе отколку што тој може да замисли, ќе бидам вистинска готвачка и домаќинка.

Негова работа е да се грижи за 150 грла стока, 13 крави, 8 кози, 66 овци + 34 јагниња, 46 пилиња, 19 телиња, 11 бикови, 4 кучиња и 12 мачки. Тој мора да ги храни три до четири пати дневно, не смее да снемаат ниту храна ниту вода. Редовно морааат да бидат нахранети. Потоа има и друга работа на фармата, од чистење на шталата, па до косење на трева, правење на бали, треба да се ора, рамни, сади и други работи исто како на секој имот. Мора да се оди во шума во набавка по дрва, да ги скрши, исцепи и донесе до куќата, ајде јас ќе помогнам при местење ќе бидам толку добра.

Предност имаат оние кои знаат да возат трактор и користат земјоделски машини и ве молам само да не ми се јавуваат оние момчиња кои си ги бричат нозете и градите, користат пудра и такви глупости, само такви не сакам. Барам конкретно селски мажи, влакнести и пополнети... Па ако има некој таков слободно нека ми се јави.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно