БЛАМ: Директорката на СОРОС во Србија ја напушти дебатата со премиерот Вучиќ (ВИДЕО)

При жешката дебата во гостувањето во емисија на телевизија „Пинк”, на  премиерот на Србија Александар Вучиќ и директорката на СОРОС во Србија, Јелена Милиќ,  поврзана со различни теми од политичката сцена во државата, Милиќ реши да го напушти студиото.

Во момент кога Вучиќ констатираше дека ставовите и работата на Милиќ се спротивно на интересите на Србија, таа демонстративно го напушти студиото.

Во моментот кога го напушташе студиото, Вучиќ нагласи дека се’ било однапред испланирано и дека таа му најавила на уредникот на ТВ „Пинк”, Жељко Митровиќ дека ќе го напушти студиото за да направи скандал. Иако свесен за „местенката” тој сепак решил да присуствува бидејќи се чувствува должен да ги брани интересите на граѓаните на Србија.

Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште

Населба, болница и училиште, рано утрово беа превентивно евакуирани поради шумскиот пожар што утрово избувна во близина на поморската база Суда на грчкиот остров Крит, јави дописничката на МИА од Атина.

Во пожарот интервенираат 79 пожарникари со пет пешадиски тима, 22 возила и еден хеликоптер, помагаат припадници на воената морнарица, волонтери и цистерни од општините, а ситуацијата е подобрена и според локалните медиуми не постои активно жариште.

Утрово, преку порака од европскиот број за итни случаи 112 до жителите на областа околу воената база беше побарано превентивно да се евакуираат.

Според локалните медиуми, пациентите од болницата што е во близина биле префрлени во болницата во Ханиа.

Видео: Во Хрватска падна снег

На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.

Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.

Меѓународна полициска акција во БиХ

Во Босна и Херцеговина во тек е меѓународната полициска акција при што се уапсени повеќе лица, меѓу кои и високи полициски службеници, поврзани со наркокартелот „Тито и Дино“.

Во соопштението од Обвинителството на БиХ се наведува дека апсења и претреси се вршат на десетици локации, на подрачјето на Сараево, Зеница и Мостар, а цел на акцијата се неколку осомничени физички и правни лица.

Меѓународна поддршка за акцијата обезбедија американските ФБИ, ДЕА и Европол.

Осомничени се повеќе од 15 лица кои се поврзани со организиран криминал, нелегална трговија со наркотици, перење пари и други слични кривични дела.

Популарно