Пејачката Лоалва Браз Вијера (63), најпозната по песната „Ламбада“ трагично го загуби животот во Рио де Жанеиро.
Нејзиното тело е пронајдено во изгорен автомобил во четвртокот во раните утрински часови.
Според наводите на полицијата, двајца мажи упаднале во хотелот, каде што таа и живеела, ја ставиле во автомобилот кој потоа го запалиле.
Полицијата ја повикал еден од вработените во хотелот, кој ги слушнал нејзините вресоци. Уапсени се двајца мажи кои од порано ѝ се познати на полицијата.
Пожарот наводно бил подметнат и во хотелот, кој исто така изгорел.
Лоава е родена во Рио де Жаниеро, а музичката кариера ја започнала кога имала 13 години. Татко ѝ бил диригент на еден оркестар, а мајка ѝ пијанистка.
Лоалва е родена во бразилската престолнина во 1953 година. Таа светски позната станува, отако се сели да живее во Франција. Таму таа станува солистка на француско-бразилската група „Каома“, со која ја исполни познатата песна „Ламбада“, а во која членувала од 1989 до 1999 година.