Фановите во шок: Хакерите објавија тајни мејлови на Бекам

Германскиот магазин „Де Шпигел“ објави мејл комуникација на Дејвид Бекам која ги открива вистинските причини поради кои поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед се занимава со хуманитарна работа.

Мрежата на истражувачки новинари и „Де Шпигел“ објавија наводни мејлови во кои 41-годишниот Бекам го критикува одборот за доделување на „Орденот на британското царство“ лутејќи се како не е награден со титулата витез и покрај долгогодишната хуманитарна работа.

-Членовите на одборот се неблагодарни. Не сакам ордени со ниска вредност. Кој одлучува за тоа??? Ако не ме назначат за витез, тоа е срамно. Да бев Американец таква титула ќе добиев уште пред 10 години. Кетрин Џенкинс доби орден за што? Затоа што пее на рагби натпревари, посетува војници и зема кокаин, пишува во еден од мејловите кои Бекам во 2013 година ги испратил на ПР менаџерот, Симон Оливеира.

-Ова е само причина повеќе од оваа година да ја засилиме работата со УНИЦЕФ и да се посветиме повеќе на останатите хуманитарни здруженија. Ќе направиме листа што треба да направиме за хуманитарни цели, за да видат луѓето дека нешто работиме место постојано да читаат колку пари заработуваме. Значи, хуманитарната работа ни е важна за бизнисот и за тоа не треба да ја занемариме. Бизнисот понатаму е главна цел, а преку хуманоста мора да стигнеме и до заслужените ордени- дополнува, наводно, Бекам.

Од мејловите се открива и дека Дејвид Бекам бара од УНИЦЕФ повеќе од 6.000 фунти да му се плати патот на Филипини, каде ги посети децата по тајфунот „Хајиани“, и покрај тоа што претходно спонзорите му обезбедиле приватен авион.

Бакингемската палата ја објави здравствената состојба на кралот Чарлс

Кралот Чарлс ќе продолжи со јавните ангажмани следната недела откако е постигнат охрабрувачки напредок во лекувањето на ракот, објави Бакингемската палата.

За кралот тоа нема да биде целосно враќање на официјалните ангажмани, но палатата испраќа позитивни сигнали, јавува Би-Би-Си.

Следниот вторник кралот ќе започне со симболично патување во центар за лекување рак, пренесува медиумот.

Неговите летни планови вклучуваат државна посета, каде што ќе биде домаќин на императорот и царицата на Јапонија.

Во наредните недели, соопштија од палатата, тој ќе преземе неколку надворешни ангажмани.

(Видео) Инцидент на концерт на Ники Минаж

На концертот на пејачката Ники Минаж во Детроит во саботата се случи инцидент.

Ники Минаж имала проблем со еден од обожавателите кој и фрлил пластично шише.

Меѓутоа, пејачката навреме го забележала тој човек, се отстранила да не ја удри шишето, а потоа го зела и го вратила на ист начин, што почнало да се шири на социјалните мрежи.

Вакви непријатни ситуации се случувале и порано, изложувајќи ги и изведувачите и публиката на одредена опасност.

Принцот Вилијам: „Жал ми е што не е тука со нас“

При посетата на едно училиште во Велика Британија, принцот Вилијам се извини што неговата сопруга Кејт Мидлтон не била со него.

Конечно се врати на обврските откако извесно време беше на пауза поради приватни причини.

Во разговор со член на персоналот, Вилијам накратко ја спомна сопругата Кејт.

„Жал ми е што Кејт не може да биде тука со нас. Таа сакала”, рекол Вилијам.

Медиумите потсетуваат дека минатиот месец принцезата Кејт Мидлтон објави дека се бори со рак, но во видеото кое го објави не прецизираше за каков вид на рак се работи.

По Божиќ се повлече од јавноста, а во јануари имаше операција на абдоменот.

Популарно