Несторовски замена за Гризман во Атлетико Мадрид!

Илија Несторовски од јуни својата кариера најверојатно ја продолжува во шпанскиот гигант, Атлетико Мадрид, пишува ЕКИПА.

Наспроти бројните шпекулации изминатиов период од страна на италијанските медиуми за преселба во редовите на Наполи, и интерес од Лацио и Севилја, македонскиот голгетер е на добар пат по крајот на сезоната да се пресели во Мадрид.

Според информациите, интересот на Атлетико Мадрид е актуелен неколку месеци, а деновиве е дополнително засилен по новите одлични партии на 26-годишниот Несторовски на дуелите против Наполи и Кротоне. Извонредната форма на Несторовски, и неговите досегашни девет гола во дресот на Палермо во Серија А, е првата препорака раководството на Атлетико Мадрид веќе од сега да активира преговори за осигурување на неговите услуги од јуни.

Како што е познато, во јуни од Мадрид заминуваат офанзивците Антоан Гризман, кој веќе се поизвесно се сели во Манчестер јунајтед, како и Фернандо Торес. Сето тоа носи отворен простор за ангажман на офанзивци. Првиот човек на Палермо, Маурицио Зампарини зимава и пред јавноста соопшти дека нема да дозволи заминување на Несторовски за сума под 15 милиони евра.

Претходно, Несторовски потенцираше дека негова желба е со Палермо оваа пролет да обезбеди опстанок во Серија А, а потоа ќе размислува за евентуален трансфер.

„Останува во Палермо со желба да обезбедиме опстанок. За се друго потоа ќе размислувам“ - рече Несторовски.

Во сезоните од 2014 година до денес, Несторовски досега има постигнато вкупно 81 гол на официјален натпревар, од кои девет сезонава за Палермо и три во дресот на македонската репрезентација.

Митревски блескаше на голот во португалското дерби

Македонскиот голман повторно блескаше во дресот на Порто кој триумфираше на гостински терен во дербито на португалското ракометно првенство против Спортинг со 37:35.

Нашиот чувар на мрежата придонесе во победата со девет одбрани.

На табелата Спортинг има 40 бодови, пред Порто со 38, следуваат Бенфика (34) и Брага (28).

Македонија има нов светски шампион

Македонија има нов светски шампион! Бобан Илиоски го победи Берк Дузенли во првата професионална битка за појас во „ВАКО Про АФН 9“ и по аматерските трофеи, се закити со признание и во професионалните води. Илиоски во борбата во дисциплината К1 успеа да ја исполни зацртаната цел и стана професионален кик-бокс шампион. 

Илиоски во пет рунди беше подобар од турскиот ривал на големиот светски настап кој се одржа во СЦ „Јане Сандански“. Македонецот имаше проблеми против Дузенли кој беше расположен во првите неколку рунди, меѓутоа потоа успеа да воспостави контрола. Илиоски добро се бранеше, го одби противничкиот налет и со удари од дистанца собра доволно бодови. 

Откако немаше нокаут во петте рунди, одлуката остана на судиите, а спикерот го прогласи Илиоски за победник на одушевување на присутните во салата. За македонскиот кик-боксер ова е најголем успех во досегашната кариера, откако претходно стана светски и европски првак во ВАКО аматерските натпреварувања. 

Пред одлично пополнети трибини во скопската сала Македонија доби нов првак на професионално ниво. Во поддршка на својот другар Бобан Илиоски дојдоа и навивачите на Вардар, верните „Комити“ во солидна бројка. 

Лазаров доби нов помошник во репрезентацијата

Поранешниот репрезентативец Стојанче Стоилов ќе биде дел од стручниот штаб на машката репрезентација на Македонија.

Тој и претходно беше дел во неколку наврати од подготовките на националниот тим откако ја заврши репрезентативната кариера, но сега ќе биде во улога на асистент.

Ова е четврти екс репрезентативец кој влегува во стручниот штаб на селекторот Кире Лазаров по Бранко Ангеловски, Ацо Јоновски и Филип Миркуловски.

Машката репрезентација ја очекува двомеч со Фарски Острови за пласман на СП 2025 година во Хрватска, Данска и Норвешка.

Првиот натпревар се игра во Торшавн на 8 мај од 20:00 часот, додека реваншот е во Скопје на 12 мај од 19:00 часот

Популарно